Борисов: Бугарија има голема желба за почеток на преговори со Македонија, но ме изненади резолуцијата на ЕП за малцинството
Единствена држава, која би сакала да почне преговори за приклучување кон ЕУ со Македонија, дури и повеќе од Германија е Бугарија, но за мене беше големо изненадување што неодамнешната резолуција на Европскиот парламент за Бугарија го покрена прашањето за наводното македонско малцинство во Бугарија, вели бугарскиот претседател Бојко Борисов во интервју за Франкфуртер алгемајне цајтунг.
-Во Бугарија нема македонско малцинство. Какво македонско малцинство треба да има во Бугарија? Јас не познавам такво малцинство. Од резолуцијата дознав дека има такво. И со оглед на тоа што бугарските социјалисти во ЕП ја поддржаа резолуцијата очигледно тие исто така сметаат дека такво малцинство живее кај нас. Наместо да водиме позитивна дебата за европскиот пат на Република Македонија, сега се насочуваме кон сосема поинаква дебата. Сакам да напоменам дека навистина ме вознемири насоката во која се развија настаните, изјави Борисов за ФАЦ.
Борисов нагласува дека компромис со Македонија е можен, но вели дека е потребно да се познава историјата.
-Бугарските комунисти и Комунистичката интернационала, контролирана од сталинистичка Москва, сакаа од идеолошки причини по Втората светска војна да ги претворат насилно Бугарите во Македонија во Македонци. Бугарите таму беа принудени да се нарекуваат Македонци. Доколку сега во процесот на приклучување кон ЕУ се појават одредени погрешни тврдења и јас не реагирам, моите политички опоненти ќе кажат: Борисов ја продава бугарската историја и подлегнува на притисоците на европските патнери, истакна Борисов во интерјуто.
Ново на Сител
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување
-
Во рамки на акцијата „Темпули“ полицијата во Тирана уапси 20 лица и заплени кокаин, хероин и канабис
-
Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра
-
Зголемен бројот на работници во индустријата
-
78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка