Брима Галуп прогнозира победа на СДСМ на изборите на 15 јули
Попладнево анкета објави и агенцијата Брима Галуп според која, владеачката партија СДСМ е во водство. На прашањето „Доколку се одржат праламентарни избори денес, за која политичка партија или коалиција ќе гласате“, 18,7 проценти од граѓаните одговориле дека ќе гласаат за СДСМ, поддршка од 15,1 процент би добила ВМРО-ДПМНЕ, за ДУИ би гласале 8,2 отсто од испитаниците, а Алијанса за албанците би освоила 4,9 проценти од гласовите. 16 проценти од анектираните навеле дека нема да гласаат.
На прашањето Во кој политичар имаат најголема доверба, 9,4 проценти од анкетираните го посочиле претседатело на СДСМ Зоран Заев.. Зад него со поддршка од 4,2 отсто е е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по што следуваат Венко Филипче и Стево Пендаровски. Поддршка од 2,9 проценти има Зијадин Села, додека Али Ахмети според анкета ужива доверба од 2,8 отсто.
Анектата на Брима Галуп е правена телефонски во перидот од 5 до 14 јуни на репрезентативен примерок од 1174 испитаници.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа