Британски компании побараа од Владата да му помогне на Евростар
Британските бизнисмени ја повикаа Владата да го спаси Евростар, јавија лондонски медиуми, откако фирмата соопшти дека е близу до колапс по затворањето на границите поради Ковид-19. До неодамна симбол на лесно патување со голема брзина во Европа, Евростар беше погодена од кризата со коронавирусот, во своите специјални платформи и капацитети во Париз, Лондон и Брисел.
Групата моментално работи само со една услуга дневно помеѓу Париз и Лондон, што е далеку од порано кога управуваше со два воза во час за време на пиковите. Лоби групата London First Lobby соопшти дека на Евростар му треба „брза акција за да ја заштити својата иднина“, во писмото испратено до министерот Риши Сунак во кое медиумите имале увид.
Писмото, потпишано од 25 извршни директори и академици, ги предупредува Министерството за финансии и Одделот за транспорт да не дозволуваат фирмата „да падне меѓу пукнатините на поддршката“. Минатата недела Евростар – чиј мнозински сопственик е француската фирма СНЦФ – објави дека услугите се намалени за 85 проценти во однос на претходната година.
– Компанијата е во критична состојба, дури би рекол и многу критична, рече Кристоф Фаничет кој е на чело на SNCF Voyageurs, одделот за патници во мрежата.
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња