Бројот на заразени во Европа надмина два милиона лица
Во Европа се регистрирани над два милиона заразени со новиот коронавирус. Најголем број заразени се во Русија, а следуваат Велика Британија, Шпанија, Италија и Франција. Русија има потврдено 335.882 заразени, а 3.388 починати. Во текот на овој месец, дневно се регистрирани и по 10.000 заболени лица.
Во Велика Британија досега се пријавени 257.154 заразени случаи. Шпанија и Италија беа жаришта и најпогодени земји во Европа. Во Шпанија досега се регистрирани 234.824 заразени и 28.628 смртни случаи. Италија има потврдено 229.327 случаи на заразени лица, а од последица на коронавирусот починаа 32.735 луѓе. Повеќето држави почнаа со ублажување на мерките кои се воведени поради спречување на ширењето на епидемијата.
Популарните европски летни дестинации се подготвуваат веќе кон средината на јуни да пречекуваат туристи, по двомесечниот целосен карантин.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите