Буџетот на Општина Гевгелија за 2020 година ќе изнесува 509 милиони денари

Советот на Општина Гевгелија на последната годинешна седница го усвои буџетот за 2020 година кој е проектиран на над 509 милиони денари или на 8,2 милиони евра.
Приходите на основниот буџет изнесуваат околу 235 милиони денари или 3,8 милиони евра, додека приходите од дотации изнесуваат 222,6 милиони денари, од донации се планираат околу 32 милиони и од самофинансирачки активности 19,6 милиони денари.
Капиталните расходи кои зафаќаат 23 проценти од проектираниот буџет или 117,3 милиони денари ќе бидат наменети за реализација на предвидените проекти за подобрување на квалитетот на животот во општината.
Градоначалникот Сашо Поцков во обраќањето нагласи дека општината планирала толку колку што можела да исплати веднаш и оти при креирањето на основниот буџет е земено максимално дозволениот процент на зголемување од 30 отсто. За догодина најави зголемена инвестициска активност на Општина Гевгелија.
– Подготовките за изградба на мултинаменски трговски комплекс на „Веро“ кај граничниот премин Богородица веќе се започнати,а четири од планираните ветерници од одобрениот Ветерен парк што ќе го прави една турска компанија се наоѓаат на територијата на нашата општина,рече Поцков и најави уште неколку инвестициски зафати за кои рече дека се остварливи ако во преден план се има интересот на граѓаните на општина Гевгелија.
Ново на Сител
-

Охриѓанец му се заканувал со пиштол на сосед за паркинг место
-

Двајца малолетници тешко повредени откако се превртеле со четирицикл
-

Мицкоски: Илинден е трајна обврска да ја чуваме, развиваме и сакаме нашата татковина
-

Ангелов: Дваесетина помали пожари на отворен простор, најголем дел изгаснати
-

Двајца загинати и двајца спасени во судирот на хеликоптерите кои го гаснеа големиот пожар во Грција
-

Најтопло во Скопје, Велес и Демир Капија со 39 степени
-

Зголемена фреквенција на граничните премини Табановце и Богородица, сообраќајот се одвива непречено
-

Милошоски: Демографијата е нашата нова борба за Македонија
