Индустриското производство расте, долгот се намалува
Индустриското производство расте, долгот се намалува. Државната статистика објави дека производството во јуни во однос на претходниот месец е зголемено за 6,5% додека во споредба со претходната година растот изнесува близу 1 отсто.
Најголем пораст има во преработувачката индустрија , а во секторите рудаство и снабдување со енергија забележан е пад. Статистичките бројки премиерот ги оцени како добра вест за граѓаните, но лоша за опозицијата
-Ова се добри вести за граѓаните, за државата и за општините. Индикаторите по две години напорна работа полека, но сигурно стануваат видливи, а резултатите почнуваат да се чувствуваат, изјави Мицкоски.
Министерството за финансии објави намалување на јавниот долг во вториот квартал за 0,1 процентен поен или во аполутен износ, нешто над 20 милиони евра. Сега долгот изнесува 58,8% од БДП, со што вкупната задолженост изнесува 10 милијарди 726 милиони евра. Пад бележи и државниот долг, За еден месец – 41 милион евра или 0,2 процентни поени.
-Имаме намалување и на државниот и на јавниот долг во вториот квартал и сега сме, би рекол, посебно за државниот долг, на ниво коешто, е најниско од после короната. Имаме намалување за нешто повеќе од 40-тина милиони евра кај државниот и нешто повеќе од 20-тина милиони евра кај јавниот долг во вториот квартал од годината и имаме зголемување на индустриското производство во јуни месец од 6,5% или, ако се земе вториот квартал, е 4%, изјави премиерот.
Резултатите за економските бројки се должат на двегодишната напорна работа на власта, вели премиерот, кој во иднина најави нови успеси.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
