Loading Video...
Балкан
12. December 2025 - 16:49

Бугарија пред нови избори

Народното собрание на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата на Росен Жељасков која беше на функција нецели 12 месеци. 

Според бугарскиот устав, претседателот Радев сега ќе побара  од парламентарните партии да се обидат да фомираат нова влада. Ако не успеат во тоа, што се смета за веројатно, тој ќе именува првмрената влада, која ќе ја води земјата да нови избори.  Кабинетот на Жељазков ке остане на должност додека не биде избран негов наследни.  Консултациите   Радев ги почнува во понеделеник. Прво ќе разговара  со  деноцентристичката партија Герб, која ја предводеше досешгашната владејачка коалиција. 

Владата на Жељасков падна по граѓанско незадоволство.  Протестите беа предизвикани од предлог-буџетот за 2026 година што предвидуваше зголемување на даноците и повисоки социјални придонеси,  а потоа се проширија во пошироко незадоволство од економските политики на владата и неуспехот да се сузбие корупцијата. Транспаренси Интернешнл“ ја рангира Бугарија како втора најкорумпирана земја во ЕУ. 
Бугарите се надеваат на позитивни  промени со оставката на владата.

Политичка криза се случува само неколку недели пред планираниот влез на Бугарија во еврозоната на 1 јануари 2026 година.