Бугарската Влада го преживеа гласањето за недоверба
Бугарската Влада ја доби денеска довербата од пратениците на парламентарната седница, која ја побараа опозициските социјалисти, откако од ноември минатата година илјадници луѓе се погодени од недостиг на вода, што доведе и до масовни протести.
Против изгласувањето недоверба на Владата на премиерот Бојко Борисов се изјасниле 124 пратеници, додека 102 гласале „за“.
Социјалистите ја обвинија Владата, која стапи на должност во 2017 година, дека не успеала да спречи сериозен недостиг на вода во градот Перник во западниот дел од земјата, што доведе до оставка на министерот за животна средина Нено Димов.
Обвинителството го товари Димов за намерно лошо управување, бидејќи дозволил водата со која се снабдуваат околу 100.000 луѓе во Перник да се употребува за индустриски цели.
Ново на Сител
-
Кисела Вода ги дигитализира услугите
-
Управниот суд одлучува по решенијата на ДИК
-
Османи во Стразбур лобираше за Косово
-
Првиот македонски зачин доаѓа од мермерните градини во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник