Бундестагот го одби барањето за испорака на крстосувачки ракети „Таурус“ во Украина
Германскиот Парламент Бундестагот денеска со мнозинство гласови на владејачката социјалдемократско-зелено-либерална коалиција го отфрли барањето на опозициските демохристијани за испорака на крстосувачки ракети „Таурус“ во Украина.
Опозициската Христијанско-демократска унија ЦДУ/ЦСУ поднесе барање во Бундестагот за „пресврт во германската надворешна и безбедносна политика“, што ќе овозможи испорака на ракетниот систем „Таурус“ во Украина.
Претседателот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и претставничката група на Унијата ЦДУ/ЦСУ во Бундестагот, Фридрих Мерц, ги повика претставниците на партиите на владејачката коалиција на социјалдемократите, зелените и либералите (ФДП) да гласаат според нивната совест и да ја одобрат испораката на „Таурус“.
„Украина и натаму не добива во целосна мерка средства што ѝ се потребни за успешно да се одбрани од руската агресорска војна“, рече Мерц.
Советот за безбедност на Германија, во кое германскиот канцелар Олаф Шолц го има одлучувачкиот збор, ја отфрла испораката на германскиот ракетен систем воздух-земја за Украина.
Набљудувачите сметаат дека Шолц ја отфрла испораката на ова вооружување со оглед на тоа дека овие ракети со дострел од 500 километри би можеле да се користат и против цели длабоко на територијата на Русија и да служат за можна ескалација на конфликтот.
Ново на Сител
-

Четврти ден продолжува гаснењето на големиот пожар во Грција
-

Илинденски свечености во Австралиско-сиднејската епархија
-

Илјадници луѓе добија наредба за евакуација од американскиот град Спокен на кој му се закануваат шумски пожари
-

Трамп најави нови разговори со Иран за денеска
-

Земјотрес во Скопје со јачина од 2,5 степени по Рихтер
-

Топло и ветровито, максималната температура до 39 степени
-

Охриѓанец му се заканувал со пиштол на сосед за паркинг место
-

Двајца малолетници тешко повредени откако се превртеле со четирицикл
