Церар: Се надевам дека Македонија и Албанија ќе почнат преговори во март
Оптимист сум дека ЕУ ќе ги исполни своите ветување и се надевам дека Македонија и Албанија ќе почнат преговори за членство во март, изјави денеска словенечкиот министер за надворешни рабори Миро Церар, пред почетокот на Конференцијата во Солун посветена на европските перпесктиви на земјите од Западен Балкан.
-Убеден сум дека Македонија и Грција напарвија историски напредок со потпишувањето на Преспанскиот договор. Македонија покажа политичка мудрост и храброст и подготвеност за реформи. Нема сомнеж дека на Македонија ќе и биде одобрен старт на преговорите, потенцира Церар.
Тој оцени дека Албанија, исто така, постигнала напредок, пред се, во процесот на ветинг, па затоа се надева дека на двете земи ќе им биде одобрен почеток на преговорите за членство во март.
-Словенија силно ги поддржува Македонија и Албанија за почеток на процесот на преговори. Тоа е особено важно за граѓаните на двете земји, нагласи Церар.
Ново на Сител
-
Викендов променливо и нестабилно време, со локален пороен дожд и појава на невреме
-
Претрес во Битола, пронајдена дрога
-
ЕУ го повика Израел „веднаш“ да ја прекине воената операција Рафа
-
Два пожара на отворено регистрирани изминатото деноноќие
-
Драма во Драч: Татко ги земал двете деца како заложници и почнал да пука со калашников
-
Њујорк и Денвер на чекор до полуфинале во НБА плејофот
-
Претрес во струмичко, пронајдена дрога, приведен дилер
-
Запален автомобилот на директорот на затворот ,,Идризово”