ЦИА ја објави личната архива на Осама бин Ладен

Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) објави архивски документи и снимки што се пронајдени во куќата, во која е убиен Осама бин Ладен во 2011 година во Пакистан.
Истражувачите кои претходно имаа увид во тајните документи тврдат дека во архивата има снимки од венчавката на синот на Бин Ладен, како и дневникот на лидерот на терористичката група Ал Каеда.
- Американците ќе можат да имаат подлабок увид во плановите и дејствувањето на терористичката организација, изјави директорот на ЦИА, Мајк Помпео.
ЦИА на интернет постави 470.000 документи пронајдени во мај 2011 година во куќата во Аботабад, каде се криеше Бин Ладен со семејството. На снимките првпат се гледа лицето на Хамза Бин Ладен, најстариот син на Осама. Хамза е сниман на неговата венчавка, која најверојатно била на иранска територија.
Ново на Сител
-

МЕРМС: На 29 март 2026 започнува летното сметање на времето
-

Мицкоски: Во реализација се 17 странски инвестиции што треба да креираат 5.000 работни места
-

Земјотрес од 2,7 Рихтерови степени во Скопје
-

Во мај или јуни ќе се разговара за можни кадровски промени во Владата, најави Мицкоски
-

Од утре врнежи, ветер и заладување
-

Анкета: Пад на рејтингот на Трамп
-

Приведен возачот кој усмрти пешак синоќа во Марино
-

Русија и Украина меѓусебно напаѓаат енергетски објекти, стотици илјади потрошувачи без струја
