Преглед на вестите од светот
Иран официјално се огласи по информациите дека САД почнале преговори и веќе е испратен план за примирје. Портпаролот на иранската војска порача дека САД преговараат сами со себе. Иран никогаш нема да се договори со САД ниту сега ниту некогаш се вели во официјалната изјава и велат не може да се преговара бидејќи Вашингтон двапати ја нападна земјата за време на преговори кои се одвивале на високо ниво изминатите две години. Иранското раководство истакна дека американските инвестиции во регионот и предвоените цени на енергенсите нема да се вратат се додека САД не прифати дека регионалната стабилност ја гарантираат иранските вооружени сили.
Претендентот за статус на глобална суперсила, да можеше да се извлече од оваа тешка ситуација, досега ќе го стореше тоа. Немојте вашиот пораз да го нарекувате договор. Ерата на вашите ветувања заврши. Дали нивото на вашиот внатрешен раздор достигна точка каде што преговарате самите со себе? Нема да има ни трага од вашите инвестиции во регионот, ниту пак ќе ги видите претходните цени на енергијата и нафтата, сè додека не го разберете ова: стабилноста во регионот е загарантирана од моќната рака на нашите вооружени сили. Стабилноста доаѓа преку моќта.
Јасно изјавуваме: Сè додека тоа не биде наша волја, ниту една ситуација нема да се врати во претходната состојба. Тоа ќе се случи дури тогаш кога самата идеја за преземање акции против иранската нација ќе биде целосно избришана од вашите корумпирани умови.“
Иран излезе со нови правила за минување низ Ормутскиот теснец. им соопшти на Советот за безбедност на Обединетите нации и на Меѓународната поморска организација дека „непријателските бродови“ може да поминат ако прво се координираат со иранските власти. Условот е тие да не учествуваат или да не ја поддржуваат агресијата против Иран и целосно да ги почитуваат објавените безбедносни прописи.
Според медиуми САД со помош на пакистански дипломати до Иран испратил план од 15 точки за завршување на војната. Во планот се предвидува целосно нуклеарно разоружување, клучните постројки да бидат затворени, а сите постоечки резерви на збогатен материјал да бидат предадени.Како контра-услуга, сите меѓународни санкции ќе бидат укинати.наместо воени цели, Сад и Израел ќе му помогнат на иран да развие безбедна цивилна нуклеарна програма во централата бушер, фокусирана исклучиво на производство на електрична енергија.
Во меѓувреме не стивнуваат воздушните напади од страна на Иран и Израел.
Беспилотно летало влезе во естонскиот воздушен простор од Русија рано утрово и удрил во оџак на локална електрана во Аувере, соопшти Службата за внатрешна безбедност на оваа балтичка земја.Нема извештаи за повредени или за штета на електраната. Два дрона исто така преминале во воздушниот простор на Латвија, едниот од Русија, а вториот од Белорусија, соопштија латвиските власти. Инцидентите се случија во приближно исто време кога напад со украински дронови предизвика пожар во нафтените капацитети во руското пристаниште Уст-Луга на Балтичкото Море, голем центар за извоз на нафта на околу 25 километри од границата со Естонија.
Малолетниот Коста Кецмановиќ кој го изврши масовното убиство во училиштето „Владислав Рибникар“, денеска ќе сведочи пред Специјалниот суд во повторената постапка против неговите родители. Кецмановиќ треба да биде донесен од здравствената установа каде што се наоѓа речиси три години. Покрај судијата и обвинителите, прашања до момчето ќе можат да постават и родителите на жртвите и нивните адвокати. Во овој процес тој има двоен статус како сторител на убиствата, но и како жртва во делот каде родителите се товарат за негово занемарување и злоупотреба. Неговите родители, претходно беа првостепено осудени на затворски казни од 14 и пол, односно три години. Момчето кое во моментот на извршување на злосторството се уште немало 14 години не е кривично одговорен.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
