-->
-->
Црковен собир во манастирот „Покров на Пресвета Богородица“
-->
На манастирскиот комплекс Еленец, покрај манастирот„ Покров на Пресвета Богордица“, денеска ќе се одржи традиционалниот црковен народен собор на кој присуствуваат граѓани од целиот регион.
Како што истакна Васко Десподовски, портпарол на Општина М Каменица, соборот на манастирско-туристичкиот комплекс „Еленец“ се одржува со децении на празникот посветен на Покров на Пресвета Богордица, празник на манастирот на Еленец, а општината се вклучува во неговата организација.
- На 14 Октомври, кога се празнува верскиот празник Покров на Пресвета Богородица се органзира традиционалниот црковно-народен собор покрај манастирот на Еленец. Самиот собир е во организација на жителите од селото, но и на Здружението на граѓани „Еленец“ од село Цера, Општина Македонска Каменица, како и поддржан од КИЦ „Романса“ и КУД „Вера Јоциќ“ од Македонска Каменица. Општината ги презеде сите потребни активности за солидна организација на овој традиционален собор, каде се очекуваат над 5 илјади верници од целиот регион. За гостите е организиран бесплатен традиционален македонски ручек, истакна Десподовски.
Тој додаде дека празникот започнува со свечена празнична литургија во манастирот, по што за попладневниот дел е организирана богата културно-уметничка програма.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тешко повредено едно лице откако српско возило излетало од автопатот Неготино - Демир Капија
-
Истрага за насилство во училиште во Битола, мерка притвор за еден од извршителите
-
Ѓорги Божинов, генерален секретар во кабиентот на Сиљановска
-
Кривична пријава против тројца дилери на кокаин и марихуана
-
Екстрадиран Бесим Красниќи
-
Полуматуранти од Црна Гора го запалија училиштето | ВИДЕО
-
Мицотакис: Без почитување на Договорот од Преспа, патот кон Европа ќе остане затворен
-
Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа за Украина