Д-р Стевановиќ: Без разлика на моменталната состојба со Ковид-19 мора да продолжиме да бидеме одговорни
Состојбата со коронавирусот во земјава остава впечаток дека работите се мирни. Во моментов, во регионот состојбата со КОВИД-19 е стабилна, но во Кина минатата недела беа регистрирани 32.695 случаи на инфекција со коронавирус. Иако е далеку од нас, д-р Милена Стевановиќ, директорката на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во изјава за МИА вели дека во изминативе години научивме дека КОВИД-19 не е болест што лесно може да се предвиди и од таа причина мора да се почитуваат мерките за заштита како и претходно.
– Без разлика што бројките не се такви какви што беа, не смееме да си дозволиме да не се заштитиме. Не е поентата да се плашиме и да паничиме, туку да се грижиме и да бидеме одговорни, порача д-р Стевановиќ.
На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – Скопје во моментов има пет до шест хоспитализирани пациенти, додека во амбулантата дневно доаѓаат околу десеттина пациенти. Директорката на Клиниката за инфективни болести вели дека дијагностички, ковидот и грипот имаат слични симптоми во дадениот момент, како покачена температура, сериозна главоболка, омалаксаност и од таа причина бараат пациентите да се тестираат.
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во период од 21 до 27 ноември 2022 година регистрирани се 174 нови случаи на КОВИД-19. Пријавени се две починати лица во изминатата недела. Се работи за едно лице од Скопје и едно лице од Куманово, со коморбидитети и починати во болнички услови. Во моментов активни се 172 случаи.
Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани вкупно 33 лица, со 32 проценти зголемување во споредба со претходната недела, од нив шест се на кислородна поддршка и нема пациенти на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.
Ново на Сител
-
Болните, затворениците и лицата во старските домови први гласаат на двојните избори
-
Акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите на 8 мај
-
Израел испраќа делегација на преговорите и ги продолжува операциите во Рафа за да изврши воен притисок врз Палестинците
-
Одбележување на Денот на полицијата, посебен сообраќаен режим во општина Аеродром
-
Стано: Амбасадорите на ЕУ, САД, Германија, Велика Британија, Балтичките земји, нема да присуствуваат на инаугурацијата на Путин
-
Сообраќајот непречено, по претежно суви коловози
-
Сончево и топло со мала до умерена облачност
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори