„Да го испратиме со песна нашиот Аки“ – последна почит на Градскиот плоштад во Скопје
На Градскиот плоштад во Скопје медиумски и музички работници денеска ќе му оддат последна почит на Аки Рахимовски, еден од најдобрите рок-вокалисти во регионот.
Кај тревникот пред „Пелистер“ во 13:00 часот ќе биде отворена Книга на жалост и ќе се слушаат неговите песни. Сите пријатели и обожаватели на Аки ќе можат да положат цвеќе или да запалат свеќа. Главното собирање е предвидено попладне, од 18:00 до 19:30 часот, кога хорови, пејачи и пријатели, заеднички, за збогување, ќе отпејат некои од најголемите хитови на „Парни ваљак“.
Оддавањето последна почит под мотото „Да го испратиме со песна нашиот Аки“ го организира радио „Бубамара“ со поддршка КЛС Саунд и Град Скопје, ден пред погребот на музичката мега ѕвезда во Загреб.
На Градскиот плоштад ќе може да се слушне и песната „Ако згрешам, нека изгорам“ на Пепи Бафтировски која Аки во клавирска придружба ја сними пред пет години во студиото на „Тавитјан брадерс“. Тоа е неговата последна снимка кај нас. Неделава, оваа песна се емитува како хит на „Бубамара“.
Аки Рахимовски преку четири децении беше пејач на „Парни ваљак“. Почина на 22 јануари 2022 година. Зад себе остави хитови со кои раснеа многу генерации.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228