-->
-->
Дачиќ: На Србија и претстои тешка дипломатска битка во УНЕСКО за Косово
-->
На Србија и претстои тешка дипломатска битка во УНЕСКО, за да го спречи приемот на Косово во таа меѓународна организација, изјави српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, пренесува Танјуг.
Дачиќ во Њујорк е дел од делегацијата на српскиот претседател Томислав Николиќ за 70. сесија на Генералното собрание на ОН.
Српскиот министер синоќа учествуваше на седница на Министрите на земјите членки на УНЕСКО и ги запозна со ситуацијата, во која се наоѓа српското културно наследство во Косово.
Во Косово има четири објекти под заштита на УНЕСКО, кои освен што се под закана од физичко уништување, речиси врз сите се испишани графити на Исламска држава против која денеска се бори целиот свет, изјави Дачиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
114 сообраќајни санкции во Скопје
-
Околу 15 илјади кандидати полагаат мајчин јазик – Првиот испит од државната матура
-
Без струја дел од улицата од Центар
-
Финале на ЛШ: Рекорден триумф на Реал или последен победнички танц на Ројс со Борусија?
-
Хамас соопшти дека го одобрува планот на Бајден за мир во Газа, Израел испрати преговарачи
-
Трамп: Судењето беше многу нефер
-
Голем руски ракетен напад врз Украина
-
Состојба на патиштата