Дадилката која тепаше бебе се криеше од камерите на судењето
Судењето на дадилката која беше снимена како малтретира деветмесечно бебе, денеска се одржува зад затвотрени врати за јавноста.
– Јавноста се исклучува заради заштита на личниот и приватниот живот на обвинетата како и поради нејзината возраст која е над 60 години, заради заштита на личниот и приватниот живот на детето и на неговото семејство и заради намалување на последиците од кривичното дело како и евентуалните последици од обелоденување на идентитетот на детето – објасни судијата Драган Николовски.
Новинарите ја напуштија судницата, каде е присутна осомничената, како и родителите и најблиските роднини на малтретираното дете.
На шеесет и едногодишната Т.С. од скопската населба Ѓорче Петров, и се суди за запуштање и малтретирање на малолетно лице.
Случајот со дадилката, кој ја потресе македонската јавност, стана актуелен откако семејството каде што таа работела, објави снимки од скриена камера поставена во нивниот дом, на кои се гледа како та го удира, тресе и му вика на деветмесечното бебе кое била задолжена да го чува.
Ново на Сител
-
Неготинци апелираат да не се заборави случајот со исчезнатиот Миле Тодоров
-
Георгиевски освои злато на Скопје Опен Г1
-
Трамп бесен на Путин
-
Протести против Маск ширум светот
-
Лишено од слобода лицето кое пукаше со пиштол во скопски Чаир
-
Одземено возило на турчин поради создавање голема бучава на „Партизански одреди“
-
Јаневска: Априлските плати во образованието повисоки за 7 проценти
-
Жена со нож ја нападнала деканката на Филозофскиот факултет во Ниш