Македонија
20. October 2017 - 13:39

„Дај ги парите или ќе пукам“ - хорор на Партизанска

Вооружена драма се случила вчера во позната скопска аптека. Според информациите на МВР, вчера  во 19,25 часот во СВР-Скопје С.С.(35) пријавила дека на бул. „Партизански Одреди“ во  аптека на „Еурофарм“ од страна на непознато лице вооружено со пиштол било извршено разбојништво, при што сторителот одзел околу 32.000 денари и го напуштил местото на настанот.

Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.