Данското МНР демантира дека го поддржува ветото за почеток на преговори на Македонија со ЕУ
Министерство за надворешни работи на Данска ги демантира вестите дека го поддржува ветото на Бугарија за почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ, посочуваат од данското Министерство за надворешни работи.
-Информациите објавени во бугарските медиуми кои укажуваат на тоа дека Данска се приклучила кон ветото на Бугарија за пристапните преговорите на Македонија во ЕУ не се точни. Данска ги поддржува актуелните предлози на Европската Комисија во однос на преговарачката рамка со Албанија и со Македонија и тоа многу јасно го соопшти на сите форуми за преговори. Данска е подготвена да ги прифати овие преговарачки рамки, наведуваат од данското МНР, објави sdk.mk.
Од Министерството, како што се посочува во веста, потенцирале дека Данска, дополнително, ја поддржува европската перспектива на сите земји на Западен Балкан.
-Во овој поглед, Данска го поддржува почетокот на пристапните преговори со Албанија и со Македонија, откако ќе бидат исполнети условите утврдени од Советот за општи работи во март 2020 година, велат од Министерството за надворешни работи на Данска.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи