Детали за сообраќајката во Прилеп во која загина жена, а маж е повреден
Четириесет и тригодишниот Рубинчо Ујгуноски е надвор од животна опасност и ќе се лекува во Клиничкиот центар во Скопје, информираат од прилепската градска болница. Ујгуноски ноќеска, по сообраќајната несреќа во Прилеп, беше префрлен во болницата. Тој е возачот на автомобилот „Опел астра“ кој ноќеска излета во Градска Река во Прилеп при што загина неговата сопруга, 35-годишната Јулијана Ујгуноска.
- Возилото излетало директно во реката, под мостот, при што сопатничката починала на лице место, додека возачот е итно пренесен во Градската болница, изјави доктор Натали Танеска Спиркоска од службата за Итна медицинска помош чии две екипи ноќеска беа на местото на несреќата.
Според хирургот Сашо Димитриески од прилепската Градска болница Ујгуноски е надвор од животна опасност.
- Тој е со повреди на главата и на раката. Направени се сите потребни испитувања и лекарите од соодветните специјалности утврдиле дека лицето треба да се упати на скопските клиники за понатамошен третман. Лицето кое ќе се транспортира е надвор од животна опасност, вели Димитриески.
До несреќата дошло во еден часот по полноќ кога од се уште непознати причини возилото ја пробило оградата од малиот мост на Градска Река кај Сточното пазариште на периферијата од Прилеп и завршило во реката.
Ново на Сител
-
Петровиќ повеќе не е тренер на Пелистер
-
Тројца повредени во верижниот судар синоќа на Скопската обиколница кај Смилковското езеро
-
Делови од Ѓорче Петров, Сарај и Зелениково без струја
-
Амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас во посета на Куманово
-
Писториус: Можно е Русија во 2029 - 2030 година да нападне земја-членка на НАТО
-
Трамп го избра Шон Каран да биде новиот директор на Тајната служба
-
Пентагон ќе распореди дополнителни 1.500 војници на границата со Мексико
-
Променливо облачно, до 14 степени