Девојчето врескало на лизгалиштето, мајката згрозена од тоа што го видела на игралиштето
Тунелскиот тобоган на девојчето ми бил омилен дел од игралиштето, но сега е премногу исплашена за да повторно да си игра таму.
Ејми Смит ја извела својата ќерка Деми Меј да си игра во парк. Денот бил убав и се чинело дека нема никој во близина. Мајката нашла удобно место и седнала за да ја надгледува, а девојчето безгрижно отишло на тобоганот каде останала подолго од вообичаеното и се вратила целата во солзи.
Смит истрчала и кога ја погледнала била апсолутно згрозена од она што го видела. Крв и течела по нозете, а задниот дел од ногата и бил прекриен со крв а и пелените и биле крвави.
Тие и пред тоа доаѓале во овој парк и ништо слично не се случило. Меѓутоа овој пат работата била поинаква и станува збор за лице кое намерно направило грозна работа. Ејми тврди дека скршено стакло некој намерно оставил во лизгалката за да им наштети на малите деца. Малечкото девојче со исечените и мали стакленца по ногата е префрлена во болница, каде морала посебно да биде негувана за да се санираат повредите.
Девојчето сега се опоравува дома, а нејзината мајка фотографиите ги објави за да ги предупреди другите родители пред да ги пуштат децата, добро да ја прегледаат опремата на јавните детски игралишта.
Нозето на малечкото девојче ќе се излечат, но стравот од нешто што би требало да биде забавно за децата ќе и остане длабоко врежано и долго време ќе има трауми.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа