-->
-->
Девојките тагуваат: Се ожени Бали Бег!
-->
Популарниот турски актер Бурак Озчивит и неговата долгогодишна девојка Фахрие Евчен деновиве се тема на пишување, каде се вели дека ќе се венчаат на есен. Меѓутоа изгледа дека парот веќе го кажал судбоносното „ДА“.
Ѕвездата од турските серии за време на годишниот одмор го посетил Рим со својата девојка, која исто така е актерка, а турските медиуми пишуваат дека се венчале во главниот град на Италија.
Бурак ја запросил Фахрие покрај познатата фонтана Ди Треви, а бидејќи не сакале да губат време решиле да се венчаат веднаш после одморот.
Двојката не се огласи по овие тврдења, туку го продолжи својот одмор и планира да го посети семејството на Фахрие во Германија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите
-
Гвардиола: Да беше до парите, Јунајтед требаше да ги освои сите титули
-
Разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски
-
СИРИЗА ќе ги поднесе во грчкиот Парламент трите меморандуми со Северна Македонија
-
Пендаровски се откажа од државна пензија