Димитров: Случајот со Македонија е тест за кредибилитетот на ЕУ на Западен Балкан
Огромното мнозинство на земјите-членки на ЕУ поддржува одржување меѓувладини конференции и со Македонија и со Албанија. Јас исто така сметам дека ова е официјална позиција на Европската Комисија. Тоа е и целта на која работиме.
Ова е изјава на вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров за Еуроњуз, што на твитер ја објави новинарот Џек Паррок.
Во врска со можното сценарио споменато од еврокомесарот за проширување Олвиер Вархеји за одвојување на Албанија и Македонија, Димитров изјави дека нашата држава ги исполни сите услови поставени согласно европските вредности што постојано беше потврдувано и од самата Комисија.
– Како земја што ја потпиша Спогодбата за стабилизација и асоцијација пред 20 години, прва која тоа го направи во регионот, како земја кандидат веќе 16 години, како земја која изминатите години покажа значителен прогрес во реформите и лидерство во решавањето на спорот со името, случајот со Македонија е тест за кредибилитетот на ЕУ во Западен Балкан. Дали ЕУ ќе ги одржи ветувањата?, изјави Димитров, објави на твитер новинарот Паррок.
Ново на Сител
-
ОН: Израелскиот напад врз Рафа ќе ги загрози животите на стотици илјади Палестинци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа
-
„Цитроен“ удрил во електричен тротинет, повредени двајца малолетници
-
РБГ: Расте индексот на слободата на медиумите во Македонија
-
Автобус падна во длабока провалија во Пакистан, најмалку 20 загинати и 21 повреден
-
СПМ: Гласањето на 8 мај е пресудно за иднината на државата
-
Приведени двајца дилери од Кичево