-->
-->
Димитров во посета на Германија, ќе се сретне со министерката за Европа, Ана Лирман
-->
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска и утре ќе престојува во посета на Сојузна Република Германија каде ќе се сретне со високи претставници на новоформираната германска Влада.
Меѓу другото, предвидена е средба со новата државна министерка за Европа – Ана Лирман, која на првиот ден од преземањето на функцијата од Михаел Рот, ќе се сретне со вицепремиерот Димитров.
Димитров, како што информира Секретаријатот за европски прашања, ќе ја искористи посетата за уште во првите денови од мандатот на Владата на канцеларот Олаф Шолц, да го насочи вниманието кон европското досие на Македонија и ангажманот на Германија во регионот.
Прашањето за евроинтеграцијата на регионот, Димитров ќе го покрене и на годишната конференција на Европскиот совет за надворешни односи (ECFR), клучен настан на европскиот политички календар што ги обединува највисоките носители на одлуки на континентот, еминентни интелектуалци, претставници на невладиното општество и тинк-тенк заедницата.
Вицепремиерот Димитров во мај годинава стана официјален член на ECFR, водечка меѓународна тинк-тенк организација, посветена на европската надворешна и безбедносна политика.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости