Македонија
29. July 2026 - 8:15

ДКСК денеска ќе избира заменик-претседател

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе ја одржи 37-та седница, на чиј дневен ред е изборот на заменик-претседател на Комисијата.

Покрај изборот на заменик-претседател, членовите на ДКСК ќе разгледуваат и предмети од нивна надлежност, како и прашања и предлози.

На дневен ред е и постапување по предмети поднесени од укажувачи. 

 

МИА