До 9 часот правото на глас го оствариле 115.384 граѓани
Право на глас за предвремените парламентарни избори во избирачкиот список вкупно се запишани 1.814.263 гласачи. Во текот на изминатите денови ДИК спровдеде гласање на посебни категории на гласачи, од кои 723 граѓани како гласачи позитивни на Ковид-19 или во самоизолација, 1272 гласачи од казнено поправни установи, во Единствениот центар за внатрешно-раселени лица не излегоа на гласање, болни и немоќни лица 8325 гласачи, во установи за вонсемејна грижа гласаа 234 гласачи. Во текот на денешниот ден 3480 изборни места се отворени во 7 часот и гласањето тече непрекинато, ова гласање ќе трае до 21 часот.
Одзивот на гласачите по општините по изборна единица до 9 часот:
ИЕ1 - 7,91% (најголема излезеност има Општина Аеродром со 10,13%, а најмала Студеничани 1,81%)
ИЕ2 - 6,34% (најголема излезеност има Општина Ѓорче Петров 8,05%, а најмала Липково 0,93%)
ИЕ3 - 7,15% (најголема излезеност има Општина Крива Паланка со 8,31% и во Пробиштип 10,25%)
ИЕ4 - 7,57%
ИЕ5 - 5,88 % (најголема излезеност има Општина Кривогаштани 13,1%, а најмала во Центар Жупа 1,01% )
ИЕ6 - 3,09% (најголема излезеност има Општина Јегуновце 4,17% , а најмала во Врапчиште 1,39%)
Ново на Сител
-
Невреме со силен ветар, дожд и град попладнево го зафати кумановскиот регион
-
Врховниот судија Георгиев и членот на совет на обвинители Мемети осомничени за поткуп - Георгиев фатен на дело
-
Љупчо Палевски Палчо пред судија на претходна постапка за мерката притвор
-
Тема на денот со Миле Маркоски декан на ФЗНХ
-
Приватните специјализанти уште еднаш потсетија за нивните барања за поголеми плати и осигурување
-
Врховниот судија Георгиев и членот на совет на обвинители Мемети осомничени за поткуп - Георгиев фатен на дело
-
Љупчо Палевски Палчо пред судија на претходна постапка за мерката притвор
-
Изборен молк - Утре ќе се прегласува во 5 и 6 ИЕ за два пратеника