Доколку плаќате со картичка, ова мора да го знаете: Еден детаљ открива дали во моментот ве крадат!
Криминалците кои се бават со злоупотреба на платежни картички константно ја унапредуваат својата технологија, така сега користат читачи на картички кои се идентични со оние кои се употребуаат во продавниците, угостителските објекти...
Уредот кој криминалците го користат изгледа исто како читачот произведен на INGENICO кој се користи во секоја земја. Меѓутоа уредот кој служи за злоупотреба е малку поголем, односно е поширок и подолг. На него обично е залепена и лажна тастатура.
За време на внесувањето на картичката во него, картичката обично влегува до крај што не е случај кај регуларниот читач во кој влегува до пола (како на сликата). Исто така при читање на податоците од лажниот уред обработката трае многу подолго.

Се ова можат да бидат знаци дека уредот кој што ги чита податоците од вашата картичка е лажен и дека постои шанса да бидете украдени а за тоа воопшто да не сте свесни.
Инаку, своите пари можете да ги заштитите така што ќе активирате смс порака која ќе ви стига секогаш кога ќе направите некоја трансакција преку платежната картичка. Ограничете колку пари можете да подигнете преку банкомат во текот на денот. Доколку ја имате изгубено, отидете во банка и блокирајте ја.

За време на плаќање со картичка задолжително следете ја операцијата.
Проверете ја вашата сметка по плаќањето, полето кое треба да ја содржи вкупната цена никогаш не смее да биде празно!
Ново на Сител
-

Акциска контрола на возила за јавен превоз - за пет часа констатирани 92 неправилности
-

Претрес во Гостивар, пронајдени автоматски пиштол „Шкорпион“ и муниција, уапсено едно лице | ФОТО
-

Јустина Широка Пуља избрана за претседателка на Косово
-

Советници на Трамп платени со стотици илјади долари за изборен ангажман во Република Српска
-

Унгарија ја увери Бугарија во целосна солидарност по нападот со дрон во Црното Море
-

Харадинај: Курти повторно го води Косово на избори
-

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании
-

Од лидер до ментор: Flex Group Leadership Academy продолжува со вториот дел од програмата
