Домашното јунешко месо без купувачи, сточарите пред колапс
Сточарите од делчевскиот регион се соочуваат со нов удар врз своето производство. По проблемите со пласманот на млекото, сега велат дека речиси целосно запрел и откупот на јунци и телиња. Животните со недели остануваат во шталите, а трошоците за нивно одгледување секојдневно растат. Производителите сметаат дека главната причина е зголемениот увоз на поевтино месо, поради што домашниот добиток останува без пласман.
,,Наидуваме на голем проблем со откупот на јунци, исто испадна проблемот на јунци исто како и со млекото. Имам околу 30 јунци некаде од 300 до 550 кг. Во последните месец-два, нема никаква побарувачка со јунците и со телињата. Не знам влајда како што го увезуваат млекото, така и со телињата се внесува јунешко месо по многу поволни цени, а за нашата роба нема никаков интерес. Сите си купуват повеќето увозно месо, отколку наешто, не им се плаќало да го зимаат. Тие сите ја гледаат поголеам заработувачка, за поевтина пара имам информација дека за багателна цена се внесува јунешко месо. Не само јас, сите што одгледуваме стока, сите имаме проблем, откуп скору два месеци нема. Доагаа луге од Албанија, се га наводно качена била царината за извос на јунци.“, рече Стојовски.
Стојовски предупредува дека неизвесноста ги доведува фармерите до работ на издржливоста. Освен што нема пласман за добитокот, секој ден носи нови трошоци за храна, одржување и останати обврски. И покрај тешката состојба, очекува новото раководство во Министерството за земјоделство да преземе чекори што ќе им помогнат на сточарите.
,,Не знам ни јас самиот не знам. Со млекото имавме проблем, сега пак со јунци, давачки многу, последната енергија на трошиме за работа. Дефинитивно ропагаме, во секое време ми иде само да се најде некој купец и за крави и за телиња, скрос се за откачам доста е.“, додава Стојовски.
Доколку наскоро не се воспостави откуп и не се подобрат условите за продажба, дел од одгледувачите најавуваат дека ќе се откажат од сточарството. Стојовски вели дека и самиот сериозно размислува целосно да го затвори производството доколку состојбата продолжи во ист правец.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
