Доживотен затвор за братоубиство од користољубие во Кавадарци

Доживотен затвор за братоубиство од користољубие во Кавадарци, пресуди судот во Кавадарци, информираа попладнево од Јавното обвинителство.
- По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство - Кавадарци, Основниот суд во Кавадарци изрече пресуда врз основа на признание на вина со која го огласи за виновен 43-годишниот С.И. за кривично дело - убиство од член 123 став 2 точка 4 (од користољубие) и го осуди на казна доживотен затвор, соопштија од Обвинителството.
Оттаму потсетија дека обвинетиот на 27 јули годинава од користољубие го лишил од живот својот помлад брат Илија Иванов. На роденденот на жртвата, двајцата браќа започнале да се расправаат, бидејќи обвинетиот верувал дека неговиот брат сака да го преземе целиот имот. Поттикнат од чувства на гнев и омраза, тој со тапиот метален дел од тесла го удрил брат му по главата, а кога оштетениот паднал, уште двапати го удрил со теслата, нанесувајќи му моментални смртоносни повреди.
- Потоа обвинетиот си заминал, а следниот ден се вратил во домот на оштетениот и телото го префрлил во бањата. Во следните неколку дена, исто така, се враќал за да го прикрие делото, ја бришел крвта од подот и од предметите, а телото го пренел во шупата, го затрупал во ров и врз него ставил шперплоча и други предмети, појаснија од Обвинителството.
Притоа истакнаа дека во периодот од 30 јули до 5 август кога било откриено телото, обвинетиот во повеќе наврати повлекувал пари со банкарската картичка на жртвата.
Обвинението беше поднесено на 28 октомври, а обвинетиот во целост го признал начинот на извршување на делото, онака како што било наведено во обвинителниот акт.
При изрекувањето на пресудата, Судот донел решение со кое на осудениот му ја продолжил претходно определената мерка - притвор, до почетокот на издржувањето на казната доживотен затвор.
МИА
Ново на Сител
-

Левит: Операцијата против Иран ќе ги намали цените на нафтата и гасот
-

Зеленски: Русија сака да ја искористи ситуацијата околу Иран за да се извлече од санкциите
-

Министрите за енергетика на Г7 ја одложија одлуката за ослободување на стратешките резерви
-

Четиринаесет пријави за семејно насилство деновиве во државата, приведени четири лица
-

ОН: Руската депортација на украински деца е злосторство против човештвото
-

МСПДМ: Итна седница на Националното координативно тело - ќе се формира работна група за измени и дополнувања на неколку закони
-

Владата одзеде уште шест лиценци за одгледување канабис
-

Тешка сообраќајка на влезот во Скопје: Камион урна семафор, паднал врз моторџија | ФОТО
