Македонија
23. July 2024 - 16:32

Дуално образование и во високо-образовните установи?

Ќе се воведе ли дуалното образование и во високо-образовните установи? Откако импементацијата на методот-учење преку пракса кај средношколците покажа ефект, Стопанската комора и ресорното министерство одлучија ова да го применат и на универзитетите ширум државата.

Дека дуалното образование е привлечно за учениците покажаа и овогодинешните резултати од уписот на идните средношколци. 15 481 ученици се запишале во стручно, а само 4652 во некоја од гимназиите.  Според тврдењата на првиот човек на Стопанската комора, денеска 560 компании нудат можност за пракса на учениците во средно образование, а потоа и можности за вработување. Меѓутоа, нема точна бројка за тоа колку од средношколците кои биле на пракса во компаниите, потоа се вработиле.

Бидејќи МОН нема предвидено пари да им ги плати патувањата на учениците кои треба да одат на олимпијади, Стопанската комора реши дека ќе ги стипендира патувањата на дел од најталентираните ученици.