-->
-->
Дводневен штрајк на 13 поморски синдикати во Грција
-->
Штрајк во траење од 48 часа, започнаа 13 грчки поморски синдикати, со што поголем дел од бродовите во Грција, два дена ќе останат закотвени на пристаништата, јави дописничката на МИА од Атина.
Штрајкот започна на една минута по полноќ и ќе трае до утре на полноќ, додека пак, според грчката новинска агенција АНА-МПА, синдикатите, меѓу другото бараат укинување на регулативите што им штетат на колективните договори, но и што се однесуваат на работното време и одморите. Дополнително, бараат и комплетна медицинска нега, државно образование, надградба на инфраструктурата, вработување персонал,како и подобрување на наставната програма во нивниот сектор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК ги објави првичните официјални резултати од Претседателските и Парламентарните избори
-
Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација
-
Онлајн работа за младите со европски плати | Јанг стори со Мими | Sitel Podcast 034
-
Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена
-
Рама в недела ќе одржи собир во Атина
-
Протести во Малме против учеството на израелскиот претставник на Евровизија
-
Турција ја одложи забраната за трговија со Израел
-
Гостиварчанец измамен за 1.500 евра - сторителот е приведен