ДЗС: Поповолна состојбата во преработувачката индустрија
Поповолна оценка за економската состојба на фирмите во преработувачката индустрија во август во однос на јули годинава, како и споредено со август лани, изнеле раководителите на фирмите во анкетата за Државниот завод за статистика (ДЗС).
Како што објави ДЗС, очекувањата на раководителите се бројот на вработени да расте. Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија, како што оцениле, во август споредено со јули годинава е повисок за 0,4 проценти, а во однос на август минатата година за 1,9 проценти.
- Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во август 2017, во однос на јули 2017 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поволни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи сe намалени во однос на јули 2017 година, покажуваат статистичките податоци.
Просечното искористување на капацитетите на фирмите минатиот месец изнесува 65,5 проценти од нормалното искористување.
Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на прозводството имале: недоволната странска побарувачка со 21 процент, недоволната домашна побарувачка со 18,6 проценти, недостигот на квалификувана
работна сила со 18,3 проценти и неизвесното економско опкружување со 12,1 процент.
Ново на Сител
-
Првомајска честитка од претседателот на СПМ Љупчо Димовски
-
Пендаровски: Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава
-
Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш
-
Хотелиерите очекуваат одлична туристичка сезона, исполнетоста за празниците повеќе од половина
-
Одбележување на Меѓународниот ден на трудот ширум светот
-
Денеска е Велика среда
-
ЦУК апелира до граѓаните на внимателност при палење оган на отворено
-
Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест