ОН: Еден милион бегалци од Јужен Судан засолнети во Уганда
Бројот на бегалци од Јужен Судан, кои најдоа прибежиште во Уганда, достигна еден милион, соопшти денеска ОН, предупредувајќи дека тоа е една од најбрзорастечките бегалски кризи.
Властите на Уганда соопштија дека не можат да се справат со приливот на луѓе, кои бегаат од граѓанската војна во Јужен Судан. Уште еден милион бегалци од Јужен Судан нашле прибежиште во Судан, Етиопија, Кенија, Конго и Централноафриканска република.
Високиот комесаријат на ОН за бегалци ја повика меѓународната заедница да даде повеќе средства за хуманитарна помош.
Комесаријатот соопшти дека во просек по 1.800 граѓани на Јужен Судан пристигнуваат во Уганда во последните 12 месеци. Според светската организација неопходни се 674 милиони долари оваа година помош на Уганда да се справи со бегалците, но досега е собрана само една петина од таа сума.
Десетици илјади луѓе беа убиени и милиони раселени, како резултат на граѓанската војна што избувна во Јужен Судан во декември 2013, само три месеци по независноста на земјата.
Ново на Сител
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба
-
Во март пониски увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи
-
Камионџија од Украина пронајден починат на Табановце