Свет
11. March 2025 - 8:57

Еден загинат и тројца повредени во украински напад со дронови врз Москва

Едно лице загина, а тројца се повредени во напад извршен по полноќ со украински беспилотни летала врз Москва, соопшти Андреј Воробјов, гувернер на Московската област. Жртвата и повредените се од областите Домодедово и Ленински.

Московскиот градоначалник Сергеј Собјанин објави дека руската ПВО соборила 69 беспилотни летала над Москва и регионот, и дека аеродромите Домодедово и Жуковски привремено ја прекинале работата поради тоа. Во нападот е оштетена станбена зграда, од која се евакуирани најмалку седум стана, изјави регионалниот гувернер.