Единаесет сообраќајки во Скопје за 24 часа, 10 повредени лица
Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје сообраќајната полиција извршила увид на вкупно 11 сообраќајни несреќи. Од нив, шест се со последица материјална штета и пет со последица телесна повреда. Со полесни повреди се здобиле четворица возачи на патничко моторно возило, пет сопатници и еден пешак.
Сообраќајната полиција вчера открила и санкционирала 14 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото. Седум возачи не го почитувале правилото за првенство на минување на возилата во зона на крстосница, шест возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, а пет возачи не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците. Санкционирани се и девет пешаци кои сториле прекршоци по разни основи.
Со помош на специјалното возило „пајак“ вчера од сообраќајната полиција отстранети се 54 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Од сообраќајната полиција известуваат дека денеска во 11 часот и 45 минути поранешните вработени во „Алумина“ и во 12 часот Здружението на автошколи, возачи и инструктори „Обука Л“ ќе одржат мирен протест на булеварот „Илинден“, пред зградата на Владата на Република Македонија. В сабота со почеток во 17 часот и 30 минути во СЦ „Јане Сандански“ во рамки на Лигата на шампионите ќе се одигра меѓународен ракометен натпревар помеѓу ЖРК „Вардар“ и „Савехоф“.
Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, од сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а по потреба и пренасочување на сообраќајот.
И денеска од 9 до 13 часот на крстосниците во централното градско подрачје продолжува обуката за физичка регулација на сообраќајот на кандидатите за полициски службеници. Обуката ќе ја реализираат Единицата за безбедност на патниот сообраќај и Центарот за обука при МВР.
Ново на Сител
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.