Македонија
14. February 2025 - 17:11

Љупчо Палевски преку Минск планирал да избега во Русија

Љупчо Палевски ретко користел класична телефонска линија, ама ги употребувал сите мобилни апликации за комуникација. Ова го открива анализата на неговите телефони која денеска ја презентираше обвинителството. На денот кога според обвинението го застрелал Панче, имал пропуштени седум повици на Телеграм. На истата апликација разговарал и неколку часа по грабнувањето на Вања, а на Ватцап се пожалил дека не бил спиен цела ноќ. Пораките ја открија и намерата за бегство на Палевски. Додека бил во Труција, резервирал авионска карта за Минск, а најавил и дека ќе продолжи кон Русија.

„Пронајдена е комуникација со лице по име Драган, според кој, комуникацијата е во Москва, кому Палевски во порака му пишува дека на 5 декември планира да стигне во Москва и бара од него да го земе од аеродром“, наведе обвинителството.

По екстрадицијата од Турција, кај Палевски била пронајдена бројна техничка опрема. Со себе имал компјутери, мобилни, фотоапарат, дискови, микрофони, картички. Употребувал и хартија, носел неколку тетратки, а за поголема уредност сите имале наслови. Една била насловена Јустиција која е симбол за правдата.

Изведувањето на доказите ги налути палевски и неговите адвокати. Биле задоцнети, а обвинија и за местенка на телефонските извештаи. Повторно побараа изземање на обвинителките и шефот на скопското обвинителство.

Судењето продолжува во петок. Освен Палевски, за двојното убиство одговараат уште тројца, а за помагање во грабнувањето на Вања, обвинет е нејзиниот татко.