ЕМА: Секоја држава самостојно да одлучи за вакцината „АстраЗенека“
Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти дека секоја земја треба сама да одлучи како ќе го третира нивниот заклучок дека по приемот на вакцината „АстраЗенека“ постои ризик од згрутчување на крвта.
При донесување на одлуката секоја земја треба да ја земе предвид моменталната епидемиолошка состојба и достапноста на другите вакцини, соопшти ЕМА, пренесувана од британските медиуми.
-Ние се обидовме да обезбедиме што е можно повеќе информации за придобивките и ризиците што ги идентификувавме, и врз основа на тоа, но и земајќи ја предвид моменталната состојба со пандемијата и можноста за набавка на други вакцини, државите можат да донесат различни одлуки за вакцината „АстраЗенека “, изјави директорката на ЕМА, Емер Кук.
ЕМА на овој начин се откажа од давање препораки и државите ќе мора да ги проценат ризиците од продолжување на употребата на вакцината „АстраЗенека“.
Во изминатите десет дена неколку земји ја забранија употребата на „АстраЗенека„ за лицата под 60 или 55 години, со очекување дека конечната одлука ќе ја донесе ЕМА, но сега тие ќе треба сами да ја донесат.
Треба да се истакне дека во Франција веќе се поднесени првите тужби поради смртта на луѓе по примањето на вакцината „АстраЗенека“.
Ново на Сител
-
Над 12 илјади граѓани заминале на продолжен викенд надвор од Македонија
-
За три месеци протерани 483 македонски граѓани од Германија
-
Вучиќ: Ме погоди гласањето на Северна Македонија за резолуцијата
-
Земји на НАТО што граничат со Русија ќе подигнат „ѕид од дронови“
-
Гервала: Не ја спроведуваме ЕУ верзијата на ЗСО доколку Белград не го спроведе Бриселскиот договор
-
САД ќе испратат во Украина оружје во вредност од 275 милиони долари
-
Сарај ќе се приклучува кон градската водоводна мрежа, намалување на притисокот во водоснабдувањето на дел на Ѓорче Петров
-
Сончево и топло со променлива облачност, попладне нестабилно со локален пороен дожд