-->
-->
ЕП Полска 2016: Ристовски: Хрватска од Катар беше посилна
-->
Македонската ракометна репрезентација ги продолжува натпреварите на Европското првенство во Полска. Нашите ракометари немаат трансфер во нов град и нова сала затоа вечерва тренираа во помошната сала во Краков. За разлика од нас, нашиот утрешен ривал Хрватска имаше „запознавање“ со „Таурон Арена“ во Краков. Двете селекции кои ќе играат утре меѓусебе тренираа во исто време, во две сали.
Пријатна атмосфера по обезбедениот втор круг беше забележлива на тренингот на македонската репрезентација.
- Одигравме три тешки изедначени натпревари. Важно беше да се помине првиот круг. Во вториот круг ќе имаме можеби нешто полесни натпревари и ќе имаме нешто психички полесни ривали, а по дуелот со Хрватска ќе имаме и четири слободни дена и да се одмориме подобро. Хрватска со која игравме во Катар беше посилна, но сепак тоа е квалитена репрезентација. Ние ќе одиме на победа и на утрешниот натпревар, изјави голманот Борко Ристовски.
Дуелот Македонија – Хрватска утре е втор на програмата во Краков и почнува од 20:30 часот, а претходно ќе играат Франција и Белорусија од 18:15 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведени 343 лица на протестите во Турција
-
Пронајдена тревкаста материја и приведени три лица
-
Од утре дожд, грмежи и силен ветер
-
Пуштале музика во денови на жалост - Приведени две одговорни лица во угостителски објекти
-
Муцунски: Идната недела ќе почне враќањето на првите пациенти што се лекуваат во странство
-
Ѓоковиќ се изедначи со Рафаел Надал по бројот на победи на ниво на АТП 1000
-
Лишени од слобода две лица поради предизвикување пожари во Прилеп и Ресен
-
Почина Џорџ Форман