-->
-->
Ердоган и Трамп телефонски разговараа за ситуацијата во Либија и Сирија
-->
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во телефонски разговор со американскиот колега Доналд Трамп се осврнаа на ситуацијата во Либија и Сирија, како и за борбата против коронавирусот, соопшти кабинетот на турскиот лидер.
– Денеска имаше телефонски разговор меѓу нашиот претседател и претседателот на САД, Доналд Трамп. Тие разговараа за меѓусебните односи, како и ситуацијата во регионот, посебно во Либија и Сирија. Потврдено е дека двете земји се обединети во борбата против епидемијата на Ковид-19, се наведува во соопштението од кабинетот на Ердоган.
Двајцата лидери, исто така, се согласиле да „поддржат тесна политичка и воена соработка со цел воспоставување мир и стабилност во регионот“
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Маж со автомобил прегазил жена во Чаир
-
Украдени документи и компјутери од Управата за матични книги во Прилеп
-
Струмица: „Фиат“ удрил во електричен тротинет, повредено едно лице
-
Приведен бегалец од затвор баран со потерница
-
Почина пациентот на кој за прв пат во светот му беше трансплантиран бубрег од свиња
-
Македонија оди на сè или ништо против Фарски Острови
-
Трговски центар во Варшава со 1.400 продавници изгоре во пожар | ВИДЕО
-
Укината пресудата за пожарот во модуларната болница во Тетово: Директорите на ново судење, докторот Вучевски на слобода