Ердоган предлага изградба на нов град за бегалците
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган предложи изградба на нов град во северниот дел на Сирија, во кој ќе бидат сместени некои од многу милионските бегалци кои ја напуштаат својата земја поради војна.
Ердоган во синоќешниот говор во Истанбул нагласи дека новиот град би се изградил во близина на турската граница, додавајќи дека за оваа идеја веќе разговарал и со американскиот претседател Барак Обама.
- Ќе ви кажам нешто. Решението е да создадеме град во северниот дел на Сирија. Разговаравме за таа идеја со Обама и дури одредивме координати, но планот се уште не почнал да се реализира, истакна шефот на турската држава.
Тој објасни дека градот би се простирал на површина од 4.500 километри, а неговата инфраструктура би можела да биде изградена во соработка со меѓународната заедница.
Турските власти повеќе пати се обиделе да ги убедат своите западни сојузници да помогнат при воспоставување безбедносни зони во Сирија, каде ќе бидат сместени бегалците, но ова е првпат Ердоган да предложи изградба на цел град.
Во Турција моментно се наоѓаат околу 2,7 милиони сириски бегалци.
Ново на Сител
-
Терористички напад во Франција – убиен минувач, тешко ранети полицајци
-
Ватикан: Папата Франциск во критична состојба поради продолжена астматична криза
-
Уапсен 37-годишник од Скопје, физички нападнал девојка и извршил обљуба врз неа
-
Тепачка меѓу четири лица во скопски Аеродром
-
Пронајдена неексплодирана бомба во водите на Охридското езеро
-
Нова акција против корупцијата во Србија: Уапсени пет лица
-
Жена од Пробиштип измамена, на нејзино име подигнати два кредити
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа