EСМ: Обезбедени 25 милиони евра за изградба на ФЕ Битола-1 од 20MW и ФЕ Осломеј-2 од 10 MW
АД ЕСМ потпиша договор со ЕБРД за поволна кредитна линија за изградба на две фотонапонски електрани, ФЕ Битола-1 од 20MW и ФЕ Осломеј-2 од 10 MW. Изградбата на двете електрани ќе чини околу 25 милиони евра, од кои 5,7 милиони евра ќе бидат грант од Европската комисија, што го намалува кредитот и самите трошоци за изградба за 20%. Ова е показател дека европските институции ги вреднуваат заложбите на Владата и на ЕСМ за брза и праведна транзиција кон зелена енергија.
ФЕ Битола-1 од 20MW ќе значи почеток на енергетската транзиција на РЕК Битола. Електраната ќе биде изградена врз исцрпен рудник за јаглен и ќе биде најголема сончева електрана во државна сопственост. За РЕК Битола се подготвуваат и други проекти за фотонапонски електрани во кругот на комбинатот, од уште 260MW.
ФЕ Осломеј-2 од 10MW во Кичево ќе биде продолжение на почнатиот процес на енергетска транзиција на РЕК Осломеј, каде се подготвува почеток на изградбатата на уште две ФЕ од вкупнo 100MW.
Нашата крајна цел е овие капацитети кои работата на јаглен целосно да ги замениме со електрани кои работат на сонце, а во РЕК Битола делумно и со гасна електрана.
Во моментот АД ЕСМ е во тек на реализација на 12 проекти во обновливи извори на енергија, кои ќе донесат инсталирана моќност од 1760MW, што е повеќе од постоечката инсталирана моќност на сегашните капацитети на ЕСM, од 1420MW, стои во соопштението на ЕСМ.
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава