ЕСМ: РЕК Битола испрати свои пожарникари за гаснење на пожарот во Жито Битола
Две противпожарни возила и 20 пожарникари и вработени во Службата за техничка сигурност при РЕК Битола активно се вкучија во гаснењето на пожарот во фабриката Жито Битола. Едно противпожарно возило на РЕК Битола со тројца пожарникари дежураа во текот на ноќта, заедно со колеги од противпожарната единица од Битола и будно ја следеа состојбата во опожарениот објект. Противпожарната служба на РЕК Битола останува на располагање за каква било интервенција, доколку има потреба од тоа, соопшти ЕСМ.
РЕК Битола како општествено одговорна компанија, посочија од компанијата, во многу наврати учествува во различни акции за заштита на општественото добро.
Противпожарната служба на комбинатот беше вклучена во гаснењето на пожарите што ја зафатија земјата минатото лето, а претходно и во гаснењето на депонијата Мегленци во близина на РЕК Битола.
Согледувајќи ја важноста на противпожарната служба за комбинатот, како и за градот и државата, Синдикатот на РЕК Битола, каде членуваат пожарникарите од РЕК Битола, и менаџментот на комбинатот договорија осовременување на опремата што ја користат пожарникарите при интервенциите, како и на униформите што ги носат вработените во службата. Во фаза на потпишување се договорите за набавка на униформи за пожарникарите, на противпожарни одела, ракавици и чизми во вкупна вредност од над четири милиони денари, односно околу 70.000 евра. Новата опрема ќе ја зголеми безбедноста на пожарникарите, а ќе ја зголеми и ефикасноста при интервенциите, информираа од ЕСМ.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување