Естетските корекции не се козметика
Невообичаено црвенило, отоци кои не поминуваат или силна болка на местото каде што е аплициран ботокс или филер. Ова се првите сигнали кои доколку ги забележат, пациентите веднаш треба да се обратат кај матичниот лекар, апелираат од Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија. Алармот доаѓа како одговор на ризиците од користење препарати со сомнително потекло, случај кој го откри обвинителството и ја разбранува јавноста.
Естетските корекции одамна не се само козметички третман, туку сериозна медицинска интервенција која, доколку се прави во немедицински услови, носи катастрофални последици.
Желбата за брзо и поевтино разубавување може скапо да го чини здравјето. Ризикот не завршува само со изборот на ординација, клучна е свесноста на самиот пациент на што треба да се внимава и како да препознае дали производот што се вбризгува е безбеден и сертифициран.
Пораката е јасна секоја интервенција мора да биде извршена од лиценциран стручњак и со проверени препарати, бидејќи во трката по убавина, здравјето е она што најскапо се плаќа.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
