Еврокомесар предупредува дека енергетската сиромаштија во Европа може да се зголеми
Комесарот за работни места и социјални права на ЕУ предупреди дека, додека растат цените, енергетската сиромаштија во Европа се зголемува. Николас Шмит за ДПА изјави дека во Унијата веќе има милиони кои страдаат од енергетска сиромаштија и додаде дека тој број може да продолжи да расте. Европската комисија може да им помогне на земјите од ЕУ да го ограничат влијанието на сегашните високи цени на енергијата врз јавноста, но пред сè националните влади треба да преземат акција, рече Шмит.
Портпаролката на германската Влада Мартина Фиц во петокот рече дека е важно да се има координација ширум Европа и да се дејствува во рамките на сегашните правила за внатрешниот пазар на ЕУ. За ова прашање ќе се разговара на самитот на ЕУ во Брисел во четврток и петок следната недела, рече Фиц. Европската конфедерација на синдикати ETUC во септември предупреди дека податоците покажуваат оти повеќе од 2,7 милиони луѓе во Европа повеќе не можат да си дозволат соодветно да ги загреат своите домови, и покрај тоа што имаат постојана работа.
Ново на Сител
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје