-->
-->
Ф-1: Пол позиција за Розберг во Абу Даби
-->
Возачот на Мерцедес, Нико Розберг, ќе стартува од пол позицијата на последната трка во Формула 1 шампионатот за оваа година, Големата награда на Абу Даби.
Германецот на патеката „Јас Марина“, со време 1:40.237 минути ја освои шестата последовна пол позиција, вкупно седма оваа сезона.
Веднаш до Розберг од првиот стартен ред трката ќе ја започне светскиот првак Луис Ханмилтон, кој зад клупскиот колега доцнеше за нето повеќе од три десетинки.
Кими Раиконен од Ферари и Серхио Перез од Форс Индија трката ќе ја започнат од вториот ред, а потоа следуваат Даниел Рикардо (Ред Бул), Валтери Ботас (Вилијамс), Нико Хилкенберг (Форс Индија), Фелипе Маса (Вилијамс), Данил Квјат (Ред Бул) и Карлос Саинц (Торо Росо).
Изненадување во квалификациите е 16-то место на Себастијан Фетел. Иако првичните претпоставки беа дека четирикратниот светски првак имал проблеми со болидот, сепак Германецот признал дека направил погрешна проценка уште колку време му останува за да го комплетира брзиот круг.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Џафери со отчет за мандатот како технички премиер
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК ги објави првичните резултати за изборите за претседател и за парламентарните избори
-
Се вратија старите цени на полисите за осигурување
-
Тема на денот со Joван Деспотовски, СДСМ
-
ДИК ќе ги соопшти првичните официјални резултати од претседателските и парламентарните избори
-
Први реакции од Бугарија и Грција по победата на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова
-
Скромно одбележување на Денот на Европа во неискосениот владин двор