Филипче: Во наредните десетина дена почнуваат подготовки за ослободување на дел од капацитетите во ГОБ „8ми Септември“
Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче оствари средба со синдикатот на ГОБ „8ми Септември“ и претседателот на самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита - Љубиша Каранфиловски.
На средбата е разговарано по барањето на вработените во болницата, ковид пациентите да останат на првиот каде има централен довод на кислород и инфективното одделение, а другиот дел од болницата да се ослободи и да продолжи да функционира за останататите пациенти.
„Имаат сосема легитимно барање и во овој момент не е тешко, ниту невозможно да се одговори на ова. Барањата се да се ослободи еден од катовите во болницата „8ми Септември“, за да може дел од вообичаената работа, особено во делот на кардиологијата да започне да се организира, онака како што беше организирано претходно. Тоа би значело дека од сегашниот број на кревети, помеѓу 70 и 75 и натаму ќе бидат наменети за пациенти со ковид-19, а останатите 20 ќе се ослободат“ - информира министерот Филипче.
Филипче ги извести вработените на болницата дека во наредните десетина дена ќе почнат подготовките за ослободување на капацитетите на болницата „8ми септември“, со активирање на модуларната болница која располага со капацитет од 72 болнички кревети и целата потребна опрема, а таму е завршено и поставувањето на централниот довод на кислород.
Ново на Сител
-
Пукање на автопатот Тетово - Скопје
-
Рибочуварка на Тиквешко Езеро физички нападната од три лица
-
Во Атина уапсени две лица кои пуштале во продажба ковид тестови и медицински маски со изменет рок
-
Фамелос: Ратификацијата на меморандумите ќе ја унапредеше соработката
-
Викендов променливо облачно, наместа нестабилно со дожд и грмежи
-
Амбасада на САД во Сараево: Додик е на опасен пат, „раздружувањето“ на БиХ значи крај на РС
-
На ГП Табановце влегле и излегле над 18.000, на ГП Богородица скоро 16.000 патници од 10 вчера до 10 утрово
-
Џафери: Значењето на светите браќа Кирил и Методиј е безвременско и обврзувачко, секој да го најде патот и да се вложи во напредокот