Француската полиција изврши претрес во Парламентот во врска аферата „Фајон“
Аферата со фиктивното вработување на сопругата на претседателскиот кандидат на француските Републиканци, Франсоа Фијон, Пенелоп како парламентарна соработничка, доби и судски дел, јави дописникот на МИА од Париз.
Брачна двојка Фијон беше сослушана вчера попладне во рамките на истрагата за сомнеж за фиктивното работно место на Пенелопе Фијон како парламентарен помошник на својот сопруг и во списанието „Ревијата на двата света“, по што денеска истражните органи извршија претрес во Националното собрание барајќи ги договорите за вработување.
Неколку парламентарни извори посочија дека била претресена канцеларијата на Фијон, кој беше француски премиер во периодот меѓу 2007 и 2012 година. Извори блиски до истрагата меѓутоа тврдат дека станувало збор за „примопредавње на документи, а не за претрес“.
Доаѓањето на полицијата во канцеларијата на Фијон се случи во моментот кога пратениците на Републиканците беа на состанокот на нивната парламентарна група. Нивниот лидер, Кристијан Јаков, на прес-конференција изјави дека бил информиран за „пребарувањето“ од страна на претседателот на Народното собрание, Клод Бартолон.
Според информациите на весникот „Паризиен“’, при претресот полицијата не нашла докази дека Пенелоп Фијон пседувала „картичка за влез во Собранието, ниту посебна електронска адреса" додека наводно работела како парламентарен помошник на нејзиниот сопруг.
Додека Фијон тврди дека неговата сопруга навистина работела како негова лична советничка, весникот „Канар Аншене“, кој минатата недела ја откри аферата најавува дека во утрешниот број ќе објави нови детали во оваа афера, која веќе почна да се одразува на популарноста на претседатеслкиот кандидат на Републиканците, кој важи за фаворит за победа на изборите за претседател на Франција.
Ново на Сител
-
Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север
-
Османи во Стразбур, на сесијата на Комитетот на Министри на Совет на Европа
-
На Фицо ќе му биде извршена уште една операција
-
Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи
-
Кривична пријава за три лица, лажно нуделе градежен материјал во Охрид и Струга
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги продолжуваат разговорите за нова влада
-
Најмалку тројца загинати во експлозија на киоск во Дизелдорф
-
ОЈО Скопје прибавува и анализира докази за Палчо, истрагата за останатите петмина осомничени во завршна фаза