Македонија
2. July 2024 - 16:40

Газдите бараат градежните работници да работат и недела и празници, а се жалат дека нема кадар

Газдите на градежните фирми бараат работниците да градат и во недела и на празници. Предлагаат измени во законот за работни односи со кои недела неработен ден нема да важи да градежниците. Велат наместо социјална, треба да водиме развојна политика. 

„Работата бара континуитет, а технолошкиот процес мора да се одвива без прекин и одлагање. Затоа, цениме дека наместо социјална политика мора да креираме развојна политика. Политика во која ќе биде препознаена работливоста, ќе биде подигната продуктивноста на поголемо ниво, а на страна би била тргнат социјалата која видовме дека не ни донесе добро, ниту го спречи одливот на кадар во странство“ - Андреја Серафимовски, претседател на здружение на градежништво

На денешниот состанок во стопанската комора, било констатирано дека градежништвото стагнира, градежните фирми биле оставени сами на себе и се повеќе недостигало кадар.

„Градежништвото во 2013-та година учествува со 7.1% во креирање на БДП, а со жалост констатираме дека во 2023-та учествува со 5.5% од БДП. Човечките ресурси континуирано се намалуваат. Се соочуваме со одлив на кадар, а алармантна е и состојбата на градежниот факултет каде со години се запишуваат помалку од 100 студенти годишно“ – Андреја Серафимовски, претседател на здружение на градежништво

Бараат еднакви услови за сите, а предност да имаат домашните компании. Формално ќе подготват барања и ќе ги достават до новата власт од каде очекуваат разбирање.