Германија ги евакуира своите и други странски граѓани од Јужен Судан
Германското Министерство за надворешни работи денеска објави дека во тек е операција за евакуација на германски и други државјани од Јужен Судан каде што во последните судири се убиени стотици луѓе, а десетина се протерани од своите домови.
„Владиното тело за вонредни ситуации одлучи да ги евакуира Германските, европските и граѓани на други држави од Јужен Судан. Евакуацијата е во тек и се спроведува со помош на авионите на германското воздухопловство“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи Сузан Чебли, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Во Јужен Судан се наоѓаат околу 100 германски државјани. Приоритет во евакуацијата ќе им биде даден на странците кои што соработуваат со германски организации, но германските власти ќе им помогнат на сите други странци да дојдат на безбедно место изјави Чебли која поради безбедносни причини не сакаше да открие која е националноста на другите странци кои што чекаат евакуација во Јужен Судан. Во судирите што започнаа минатата недела а интензивно траеа четири дена во оваа африканска држава само во петокот загинале над 300 луѓе. Во моментов во земјата на сила е примирје договрено меѓу силите лојални на претседателот Салва Кир и на потпретседателот Риек Махар. Јужен Судан е најмладата меѓународно призната држава која што пред 5 години се отцепи од Судан
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци