Германските војници на Мали лути на министерката за одбрана поради одложениот лет за дома
Германските војници, во состав на Меѓународната мировна мисија во Мали, се лути на министерката за одбрана Анегрет Крамп – Каренбауер, бидејќи нејзината посета го одложи летот за враќање на војниците чиј мандат е поминат.
Според германскиот весник „Билд“, војниците се пожалиле што им го одложиле летот за враќање поради доаѓањето на министерката, а во исто време тој лет не можел да се реализира порано заради подготвителните вежби за пречек.
Покрај тоа, тие реагираат и на прекината продажба на „кока-кола“ во кампот.
Министерството за одбрана потврди дека дошло до одложување на летот за враќање на војниците, но истакнува дека министерката не го сакала тоа.
Ако поради мојата посета војниците треба да го чекаат својот лет, тогаш ќе ја откажам посетата или да се овозможи заедно да летаме – порача Крамп – Каренбауер.
Таа најави дека во иднина ќе реализира и ненајавени посети на воените контингенти.
Според „Билд“ војниците своете незадоволство го пренеле и на пратениците од Бундестагот кои допатувале со министерката.
Во однос на „кризата“ околу „кока-кола“, од војската појаснуваат дека тоа нема никаква врска со посетата на министерката, туку со долго чекање на испорака.
Ново на Сител
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба